Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот, Заев донесе чемер и јад
СДСМ во континуитет го понижува и потценува македонскиот народ. Наместо живот, Зоран Заев донесе чемер и јад, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека граѓаните се чувствуваат несигурно и понижено, победи нема, а поразите на секое поле се секојдневие.
„Судството стана партиска преставништво на СДСМ, а реваншизмот и прогонот на политичките неистомисленици на Заев, негова основна цел. Заев однапред ги најавува пресудите по обвиненијата креирани од него. Македонската економија е пред колапс, а резултатите од неработењето на Владата се евидентни. СДСМ изработи една голема нула во економијата. Толкав е растот за 2017 година, а подеднакво очајни се и 0,1 процент за првиот квартал од 2018 година. Трагедијата е поголема бидејќи ова се случува во време кога економијата во регионот и во Европа расне со забележително темпо поради поволната бизнис-клима. Кај нас градежништвото е во слободен пад, а со себе повлекува надоле и огромен број други стопански гранки“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ исто така додаваат и дека на меѓународен план Македонија е понижена со низа капитулантски договори, со кои Заев се откажал од сè што е македонско.
„Заев иако ветуваше и се колнеше во своите идни и минати поколенија дека ќе ги заштити името, идентитетот и јазикот, го потпиша капитуланскиот договор со Грција. Заев се откажа од името, идентитетот, историјата, јазикот и македонското малцинство во соседството“, стои во соопштението.
Од партијата воедно наведуваат дека на ненародната власт мора да ѝ се каже доста и ги покануваат сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, в недела со почеток во 13 часот, во паркот во Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

