Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито е пример како работи целата Влада
Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито е пример како работи целата Влада. Ељхам Шкрета, началникот што беше снимен како бара и зема мито од 120 евра на граница, е истиот тој што се закануваше на социјалните медиуми во одбрана на Заев и Спасовски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Шкрета беше заштитник на Заев и Спасовски на социјалните мрежи. Дали тоа се должело на неговите нелегални активности и криминал што ги правел?
Потребен беше странски медиум да открие криминал во МВР наместо внатрешната контрола. Ова говори дека Шкрета е штитен од врвот на МВР.
Случајот со Шкрета е само еден пример како функционира оваа власт, која е во сржта корумпирана.
На луѓе им се бара мито и се прави криминал од граница па до Генералниот секретаријат на Влада.
Системот на СДСМ е гнил и го гризе општеството, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

