Македонија
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот на новинар од кадарот на Арсовска: Ова е срам за градоначалничката
ВМРО-ДПМНЕ најжестоко го осудува „физичкиот напад од страна на раководителот на односи со јавност на Данела Арсовска врз новинар додека известувал за состојбите на градот“.
– Очекуваме оградување и јавно извинување на Арсовска, во спротивно ќе сметаме дека зад таквиот физички атак и попречување на работа на новинарите седи лично Арсовска под чија нарачка се врши линч на новинари. Наместо да се занимава со градот Арсовска нарачува и тепа новинари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е срам и брука за градоначалничката која добива срдечна, логистичка и политичка поддршка од Левица, Гром, СДСМ и ДУИ. Бараме и другите партии да се оградат и да побараат јавно извинување на Арсовска поради атакот врз новинарите“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

