Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: На државата ѝ се случува економско цунами
Република Македонија на чело со СДСМ е пред економски колапс, се наведува во соопштение на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму сметаат дека граѓаните живеат се потешко, а, како што велат, СДСМ им порачува на сиромашните дека повисоките акцизи секако немале да ги погодат бидејќи тие и онака не возеле.
„Економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат. Стопанството е во слободен пад. Моторот на македонската економија, градежништвото, ги преживува најтешките денови“, се наведува во партиското соопштение.
Од партијата изнесуваат податоци на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2018 година, според кои вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
„Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 281 136 илјади денари, што е за 12.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во време кога цела Европа и регионот бележат стапки на раст, само Република Македонија тапка во место“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека на државата и се случува катастрофа во режија на економското цунами, Заев – Тевдовски – Анѓушев.
„Стандардот на граѓаните е се полош, а платите на граѓаните се далеку од ветените 500 евра. Ова што и се прави на Република Македонија е економски геноцид. Македонскиот граѓанин како и целата економија се во постојан грч и неизвесност. Република Македонија со вакви политики оди во непосакуван правец. Единствена цел на картелот предводен од СДСМ е да да ја одржи ситуацијата на заробена и неперспективна држава со нефункционални институции“, обвинуваат од опозициската партија.
Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ ги покануваат сите обесправени, сите оние разочарани и како што велат, излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на Владата на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

