Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста да обезбеди стандард за граѓаните, Заев ја компензира со трговија со националните интереси
Македонија се соочува со национална катастрофа и на политички и на национален план поради антидржавните политики на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека највисоките национални интереси се загрозени со капитулантскиот и срамен договор со Грција, а истовремено, како што велат, расипничката власт економски ја цеди државата и граѓаните.
„Македонската економија е на дното поради катастрофалните политики кои ги води криминалниот картел на власт и Зоран Заев. СДСМ од јануари до мај годинава реализира едвај 14 проценти од капиталните инвестиции планирани за целата година, што претставува најниско ниво и ја отсликува безидејноста и неспособноста на власта. На сметка на ова картелот на власт пред само една недела ги задолжи државата и граѓаните за нови 7,1 милион евра со годишна камата од 3%. Ова значи дека граѓаните од сопствен џеб ќе мораат да вратат 10,3 милиони евра за расипничкото задолжување на Зоран Заев“, се наведува во соопштението.
Опозициската партија истакнува дека слабата реализација на капитални инвестиции го влече надолу и градежништвото кое, како што потенцираат оттаму, е главна движечка гранка на македонската економија.
„Државниот завод за статистика само во првите 3 месеци бележи пад на градежништвото од неверојатни 37%. Овој пад во градежништвото се случи само поради тоа што криминалниот картел на власт ги сопре клучните инфраструктурни проекти, кои, пак, се од стратешко значење на државата, а се започнати од време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Република Македонија за првпат во своето постоење бележи јавен долг од над 5 милијарди евра, додека државниот долг надмина 4 милијарди евра“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ анализирајќи ја економската политика на Владата на Заев.
Додаваат дека неспособноста да обезбеди подобар стандард за граѓаните и нагонот расипнички и криминално да се трошат народните пари, Заев се обидува да го компензира со трговија со националните интереси.
„Зоран Коте Заев отстапи од сите национални позиции кои ги бранеле претходните влади и политичари без разлика на нивната партиска определба. Зоран Коте Заев склучи неуставен, капитулантски договор и се откажа од вековното име Македонија ставајќи ги на лицитација и јазикот и националноста и културата и историјата. Зоран Коте Заев ги прифати грчките максималистички позиции согласувајќи се да го прекине континуитетот на македонската држава. Зоран Коте Заев се откажа од името Република Македонија и за тоа мора да сноси одговорност, односно неговите антидржавни политики мора да бидат поразени“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

