Македонија
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за киднапирање на прославата на Илинден на Мечкин камен
Вчера се случи срамно киднапирање на прославата на Илинден на Мечкин Камен од страна на власта и СДСМ, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарски прашања.
Стоилковски вели дека киднапирањето се навестувало од самата најава за прославата до оневозможувањето на високата делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ да остави цвеќе на гробот на Никола Карев.
„Скандирањето што се случи вчера на Мечкин камен беше срамно и понижувачки за празнувањето на Илинден, но понижувачки беа и делови од говорот на Мечкин камен и во вилата Водно. Тоа го покажува капацитетот на режимот на власта, особено за илинденската прослава на Мечкин камен од транспортот кој бил организиран партиски до опремувањето, а можно е и до договорените скандирања и кореографии“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека власта се обидела да ја скрие вистината за скандирањата на Илинден, пласирајќи лажни вести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во општина Илинден светиот крст го фати Марио Димитријевски
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број на верници.
Во традиционалното фаќање на светиот крст, учествуваа вкупно 70 учесници, меѓу кои најсреќен беше Марио Димитријевски, кој по шести пат успеа прв да стигне до светиот крст. Чинот го водеше епископ дељадровско-илинденски Јоаким.

На добитникот му беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.
Македонија
Ѓорѓиевски го честита празникот Водици
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници, свештенството и учесниците во празничните чествувања, упатувајќи посебна честитка до најсреќниот верник Дарко Митровиќ кој го извади Светиот Крст од осветените води. Во својата порака, тој го истакна длабокото духовно значење на празникот, како и силата на верата, традицијата и заедништвото на народот.
„Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно. Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување. Го честитам празникот на сите кои денес беа дел од овој свет и возвишен настан“, напиша тој на „Фејсбук“.
Македонија
Сиљановска-Давкова му подари Невестински колан од Галичник од 19.век на момчето што го фати крстот во Охрид
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив.
Претседателката му честиташе на Мартин Гоџо, кој успеа да го извади светиот крст од охридските езерски води. Таа му подари Пафта, Невестински колан, од Галичник од 19. век, упатувајќи му искрени желби за добро здравје и лична среќа.

Во Струга, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води, Петар Чакарески, од претседателката како подарок доби Пафта, Невестински колан, од Битола од 19. век, со желба за здравје, радост и благосостојба.
Сиљановска–Давкова истакна дека Богојавление – Водици носи јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, обединувајќи многу генерации верници низ времето.

