Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филип Андов-Сокол и одговорност од Тупанчески
„Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот во Шуто Оризари, каде што директор е кадарот на СДС, Филип Андов-Сокол. Имено, лицето Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од ‘слободното одделение’ на затворот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму потсетуваат дека „пред извесно време од затворот избега и Нафи Абдиоски, лице со полн фотоалбум од заеднички фотографии со функционери на СДС. За овие скандалозни бегства нема никаква одговорност од директорот Филип Андов, ниту Владата му бара оставка ниту се најавува смена“.
„Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето-систем. Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот ‘Идризово’, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и другите, покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија. Дали Владата на Ковачевски чека и во затворот во Шуто Оризари да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност од Филип Андов-Сокол и од Тупанчески? Затоа потребна е оставка од Филип Андов-Сокол и одговорност од Тупанчески веднаш“, стои во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

