Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски фатен пак како сам се демантира – еднаш вели дека се залага за генерален реизбор на судии и обвинители, а после вели дека бил против
Денес ќе потсетиме на новата епизода од индиската серија „Стево контра Пендаровски“. Тој е најпознат по тоа што сам себе се демантира, велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Стево Пендаровски во изборната кампања тврдеше дека прва одлука за која ќе се залага е генерален реизбор на судии и обвинители. Но Пендаровски не би бил Пендаровски, ако сам себе не се демантира. Тој оди дури и чекор понатака па ја убедуваше јавноста дека тој бил еден од првите кој се противел на генералниот реизбор на судии и обвинители, се вели во соопштението.
-Може Пендаровски заборава што зборувал, јавноста памети. Вистината е дека со заканите за генерален реизбор на судии и обвинители, Пендаровски и СДС правеа притисок врз правосудството за да може да вршат прогон на политичките неистомисленици. Пендаровски покажа дека може да си го погази својот збор, па уште и бесрамно да лаже. Но катастрофално е што го погазува достоинството на народот и на државата. Пендаровски го изгуби целосно својот интегритет и кредибилитет, – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

