Македонија
ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинува дека СДСМ се фали со нивни проекти

Добро е што Заев ги продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ, лошо е што со тие проекти доцни, надевајќи се дека граѓаните ќе заборават дека тоа се проекти на претходната влада, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по почнувањето на новата фаза од градежните работи за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, на делницата Градско-Дреново, каде денеска присуствуваше премиерот Зоран Заев.
„Зоран Заев и криминалниот картел во недостиг на идеи и проекти се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ и ги претставуваат како свои. Власта го одложува реализирањето на проектите цела година за да ги претстави како свои. Експресниот пат Градско – Прилеп е проект кој е целосно почнат од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Средствата за истиот се обезбедени преку ИПА-проект со помош на ЕУ, целата постапка, вклучително и распишување јавен повик за избор на изведувач, е изведена од владата на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на опозицијата.
Понатаму се додава дека ова бил еден од стотиците проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои СДСМ ги присвојува како свои.
„Ни трага ни глас од ветените 600 километри автопат и 550 километри магистрални патишта. Неосновано запреа со изградба по повеќе месеци автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, додека автопатот Демир Капија – Смоквица чекаше цела година да биде пуштен во употреба. Картелот не знае да ја води државата“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 – 15:00 часот, корисниците од улицата 9 во населба Илинден. (Општина Илинден)
Македонија
Сончево и топло време, максималната температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Времето во наредните денови
Во среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
Македонија
Меџити го претстави мега-спортскиот проект во Чаир

Првиот Заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денес го претстави најголемиот спортски проект во историјата на Чаир, трансформација на напуштениот базен во нов, модерен спортски и рекреативен центар.
Овој амбициозен проект, конципиран по примерот на познатите спортски центри „Јане Сандански“ во Аеродром и „Борис Трајковски“ во Карпош, има за цел да донесе мултифункционален центар според европски стандарди, во срцето на Чаир.
„Комплексот ќе содржи: голема спортска сала за ракомет, одбојка и кошарка со капацитет од над 3.000 гледачи, затворен фитнес центар, сали за пинг-понг и боречки спортови како карате и бокс; како и надворешни игралишта за мал фудбал и две кошаркарски игралишта – отворени и достапни за сите граѓани”, информираше Меџити.
Според него, проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство, при што Општина Чаир ќе ги обезбеди сите правни и институционални предуслови во целосна соработка со централната власт.
„Инвеститорот што ќе биде избран, ќе има обврска да изгради центар што ги исполнува современите стандарди и да понуди одржлив модел на функционирање. За возврат, ќе има право да го користи комплексот во рок од 20 до 30 години“, изјави Меџити.
Тој додаде дека по истекот на тој период, овој модерен спортски и рекреативен центар ќе стане целосна сопственост на Општина Чаир и на сите наши граѓани. Со одлука на Влада на РСМ е дадено на трајно користење на Општина Чаир и Општината може да управува односно да ги спроведе сите процедури кои се потребни за реализација на овој проект.
Време е и Чаир да добие спортски центар од европски ранг, порача Меџити за време на презентацијата.