Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да нема техничка влада, само ДУИ со стотици скандали зад себе да нема технички премиер

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да нема техничка влада, само ДУИ со стотици скандали зад себе да нема технички премиер.
Од изградбата на коридорите, до самитот на ОБСЕ, не постои работа за која се фатија кадри на ДУИ, а да не ја компромитирале.
Кога ќе се спомне криминал и корупција и малите деца мислат на ДУИ.
Партија која нема некомпромитиран функционер не може да биде партијата која ќе даде премиер, па дури тоа било и за 100 дена.
ДУИ 7 години се најлош репрезент на Албанците, тие се репрезент само и само на своите лични интереси, а стотици Албанци, исто како и Македонци на неделна основа ја напуштаат Македонија.
Државата не треба да биде водена од структура која длабоко во своите корени е криминализирана. Потребен е нов пристап и борба против криминалот и корупцијата“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички зафати во водоводната мрежа на улицата Филип Втори (пред хотелот Холидеј ИН) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Филип Втори, Мирче Мацан, Мирче Ацев и Кеј 13 – Ноември, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Дел од Батинци денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Батинци, општина Студеничани.
Корисниците ќе бидат без струја од 08:30 до 13:30 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни проследени со појава на грмежи.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.