Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Политиката да ги тргне рацете од правосудниот систем

Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем, истакна опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од партијата порачуваат дека државата не смее да толерира компромиси со правдата и правда мора да има, а законот да се почитува.
„Власта на СДСМ ќе биде одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска-обвинителството и Кацарска-судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев. Современата инквизиција што ја спроведе Заев е срам за државата. Овој прогон стави во затвор и изложи на шиканирање невини луѓе, кои без никакви докази се оставени да скапуваат по затворите“, додава ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, нефункционирањето на правосудството предизвикало негатива и врз економијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец.
Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари. На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега.
Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Македонија
„Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира“, бара СДСМ

„Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат“, велат од СДСМ.
„Се потврдуваат намерите со скандалозната најава на Меџити за историски најголема партизацијата на јавната администрација.
Очигледно има веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор. Прашањето е смее ли Мицкоски да побара одговорност од Меџити? Или дилот им е заеднички, пред локалните избори да има робусно полнење на администрацијата со партиски послушници?
Овој огромен, робусен скандал со најголема партизација на институциите мора да биде целосно расчистен.
ДКСК мора веднаш да отвори предмет по оваа изјава на Меџити. Сите моментални вработувања во администрацијата да бидат стопирани и да се обезбеди целосна истрага за овој скандал“, бара СДСМ.
Македонија
Зголемени утринските температури во државата, најстудено било во Крушево и Пожаране

Најстудено утрово било во Крушево и Пожаране каде што се измерени -2 степени, -1 било во Берово и Попова Шапка, 0 во Виница, Тетово и Крива Паланка, 1 во Струмица, Штип, Маврови Анови, Прилеп и Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 3 во Гевгелија, Крушево, Скопје-Петровец, Демир Капија, Скопје-Петровец и Претор, 5 во Охрид.
Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнсувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.
Времето денеска
Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.