Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Половина месец од скандалот Онкологија, а власта молчи кој печал на болните од рак
Половина месец од скандалот Онкологија, а власта предводена од СДС и ДУИ молчи. Јавноста секој ден само слуша за се помонструозни детали од овој скаландал. Или според информации во јавноста онколошки пациенти кои починале и понатаму се водат на листи за лечење, за оние пак кои се лечат се уште нема дел од потребната терапија и слично. Надлежните, МВР, обвинителството, воопшто правосудството во држава се слепи за криминалот на Онкологија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што стои во партискотото соопштение, час поскоро потребно е да се дадат одговори, кому се му биле издавани цитостатици, дали странски државјани биле лекувани со цитостатици на сметка на Фондот за здравство, дали малверзациите на Онкологија се причина за милионските долгови на Клиниката во последните три години?
Во меѓувреме, власта на СДС и ДУИ за три години на тендери за софтверски лиценци троши 40 милиони, а од болните се крадат лекарства, не дава финансиска помош за децата со Даунов синдром и само наоѓа начини да краде од народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Едноставно е, потребно е да се детектира од страна на надлежните кој е виновен за скадалот Онкологија. Не смее и овој скандал да заврши како оној со модуларната во Тетово која изгоре и притоа животите ги изгубија 14 лица, а виновен беше кабелот, заклучуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

