Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Правниот систем колабира под политичките притисоци
Правниот систем во Република Македонија колабира под политичките притисоци. Наместо правосудството да се доближува кон европските стандарди, македонските судови замижуваат пред одлуките на Европскиот суд за човекови права, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Врховниот суд на Република Грција цени дека во Република Македонија загарантираното право на правично судење е нарушено, а основните човекови права се загрозени. „Не станува збор за одлука на некој суд на земја која што е надвор од ЕУ, туку одлука на суд кој мора да ги почитува конвенциите и пресудите на ЕСЧП. Каков е денеска политичкиот притисок врз македонското судство говори и фактот што сосема поинакви аршини се употребуваат во предметите „Поткуп“ и „Тенк“. Предметот „Поткуп“ во кој обвинет е Зоран Заев, се повеќе од 3 години талка по судовите кои беа обвинети дека биле дел од режим, додека предметот Тенк, каде обвинети се неистомисленици на Заев за нецела година експресно е доведен до финиш. Судот 3 години играше по нотите на Заев и 12 пати ги одлагаше рочиштата за „Поткуп“ со апсурдни образложенија“, се додава во соопштението.
Опозициската партија смета дека правосудството во државата е понижено. „Додека рочиштата за „Тенк“ траат и по 12 часа, рочиштата за „Поткуп“ завршуваат и по нецел час. „Поткуп е случај во кој постои доказ, кој е легално прибавен и од кој јасно се гледа како Зоран Заев бара поткуп од 200.000 евра, а сепак истиот не се користи. Ова е апсолутен доказ дека судството е под контрола на Зоран Заев и картелот кој го води.
Заробеното судство оди во пакет со медиумите под контрола на власта. Медиумскиот апарат под контрола на СДСМ во текот на целиот случај создава искривена перцепција за ослободување на Заев“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?
„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.
Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.
Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.
Македонија
СДСМ за Груби: Режирана претстава на границата, фалеше само црвен килим
На граѓаните им веќе јасно и знаат сè. Разоткриенo е секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби, велат од СДСМ преку соопштение.
„Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан.
Потоа крешендо со одредување куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ.
И на крај целосно разобличување.
Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.
Излезе директорот на затворот Шутка, го демантираше Обвинителството. Јавно рече дека ниту МВР ниту АНБ не се обратиле и не побарале мислење.
Нема подобра потврда од ова дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже.
Сè е договорено.
Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците
„Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни“, соопшти СДСМ.
„Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, има пари за 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Нема пари за работниците, има само за луксузирање и криминални тендери.
Владата на Мицкоски постојано се задолжува, пари обезбедуваат врз грбот на народот ама за криминални тендери а не сакаат да обезбедат пари за плати за работниците.
Одбивањето на законот е директен удар врз животниот стандард на граѓаните и на над 200 илјади работници. Во услови кога синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, кога храната, струјата и основните трошоци растат од месец во месец, ВМРО-ОКГ ги изневери работниците.
СДСМ понуди реално и одржливо решение – со ребаланс на Буџетот и пренамена на пари од луксузи, како мебел, коли, авион, да се обезбедат пари за 600 евра плата, како што заслужуваат работниците.
СДСМ нема да се откаже. Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за работниците, за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

