Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ немаа храброст да ѝ кажат не на недемократската, неспособна и расипничка влада
Пратениците од СДСМ и ДУИ се ставија во заштита на криминалот, корупцијата, неработењето, катастрофално лошите економски политики и заробената држава, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со секој изминат ден со Заев и врхушката околу него стандардот на граѓаните пропаѓа, а државата трпи огромни штети. За 10 месеци откако е на власт животот дојде само за Заев и неговите најблиски соработници.
1.5 милијарди задолжување, пад на индексот на корупција за 17 места, 0% раст на БДП, 20% пад на градежништвото, 3.5 денари покачување на акцизата на нафтата, најавата за покачување на даноците и многу други штетни политики ја носат државата кон бездна.
Оваа влада е најнеспособната влада во историјата на Република Македонија. Ниту знае, ниту умее, ниту работи во интерес на државата и нејзините граѓани.
Катастрофално лошите економски политики и целосната стагнација на државата со ништо не може да се оправда или прикрие. Залудни се обидите за дефокусирање на јавноста со судските процеси против десетици патриоти и чесни граѓани на Република Македонија.
Граѓаните не можат да бидат манипулирани. Граѓаните гледаат дека додека СДСМ ја уништува државата им сервира политички монтирани случаи за нивно дефокусирање од реалните проблеми.
Десетици истакнати граѓани, лекари, архитекти, уметници и режисери неосновано се влечат по судови и притвори. Само затоа што не се согласуваат да бидат слепи политички слуги на Зоран Заев. Десетици патриоти невино обвинети се предмет на политички терор затоа што Заев мисли дека на тој начин ќе го оттргне вниманието на народот од реалните проблеми во кои државата од ден во ден сè повеќе тоне.
Државата не смее да биде заложник на Зоран Заев. СДСМ не може да обезбеди ниту праведност ниту економски раст. Граѓаните заслужуваат правна држава со стабилни институции. Тие заслужуваат економија која расте и нуди перспектива. Граѓаните заслужуваат подобро. Оваа влада мора да падне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

