Македонија
ВМРО-ДПМНЕ предлага зголемување на пензиите за 20 отсто од април

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, информира на прес-конференција координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски.
Како што рече тој, овој предлог-закон предвидува зголемување на пензиите за 20%, од месец април 2022 година, така што со растот на минималната плата соодветно ќе растат и примањата на пензионерите.
„Имајќи ја предвид појавата на пораст на цените на одделни производи и електричната енергија кои се од витално значење за пензионерите како потребата од подобрување на животниот стандарт, сметаме дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии“, порача Мицевски додавајќи дека со предложеното законско решение ќе се подобри социјалната положба на корисниците на пензија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.