Македонија
ВМРО-ДПМНЕ предлага пратеници да можат да бидат лица само со македонско државјанство
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи пратеници во македонското Собрание да можат да бидат лица кои имаат само македонско државјанство. Тоа би се регулирано преку изменување и дополнување на Законот за пратеници.
Предлогот за законски измени се случува откако бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов, објави дека дел од пратениците и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ наводно имале бугарски пасоши, што подоцна беше демантирано од страна на опозициската партија.
„За да ги прекинеме димните завеси коишто ги крена најдобриот пријател на Зоран Заев, Каракачанов, којшто шири лажни вести, ред е да заврши времето во кое Заев ги донесе македонската политика и македонските политичари до потсмев. Од таа причина, поднесуваме предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратеници“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше меѓу споменатите од Каракачанов.
Тој образложи дека измените во предлог-законот се во два члена и тоа во условите за избор на пратеници каде што додаваат нов член во кој е наведено дека „за лицето да биде избрано за пратеник треба да го исполнува условот, покрај другите, да е државјанин само на Република Македонија“.
Овој предлог-закон го потпишаа сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Опозицијата ги повика пратениците од СДСМ и од другите политички партии да го поддржат законското решение за да се стави крај на темата и во наредниот период изборот на пратеници да биде од лица коишто ќе имаат само македонско државјанство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

