Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на Димитар Ковачевски – исти луѓе исти вредности
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
„Раководството на Димитар Ковачевски – Исти луѓе исти вредности, Заевизмот продолжува, Македонија со СДСМ во порази. Раководството на Димитар Ковачевски е тело на Заев, таму е Фатмир Битиќи, вицепремиер на Заев и потпретседател на СДСМ. Тој е една од причините за енергетската криза, причина за инфлацијата, малиот број на странски инвестиции, за отпуштањето на луѓе од работа.
Заевизмот продолжува и со Сања Лукаревска. Таа е директорката на УЈП која ги толерира фирмите на Заеви со милионски долгови, додека фирмите на народот добиваат блокади.
Миле Зечевиќ не е никаков нов кадар, тој е човекот на Заев, кој учествуваше во организирање на изборни нерегуларности во изминатите години. Зечевиќ е творец на партизацијата на администрацијата, полнењето со тетки, мајки, деца на функционери.
Ништо ново не може да се очекува ниту од Стефан Богоев, градоначалникот на Заев, кој изгуби во Карпош, сега треба да губи и на ниво на држава.
Ова се кадрите за порази на СДСМ, а тоа се гледа по Шилегов, кој изгуби во Скопје. Го врати градот назад и го закочи развојот, правеше само криминал и не работеше ништо.
Шилегов е симбол за криминалот на СДСМ. Со просечна административна плата стигна до 4 луксузни станови, луксузна зграда во Скопје надградена на диво, луксузна вила од 300м2 во Маврово, луксузни автомобили вредни над 130.000 евра. Кој Скопје го задолжи 160 милиони евра.
Игор Ивановски Шема, кој направи пакт со заевизмот за својата лична кариера. Кој 30 години ништо добро не ѝ носи на Македонија. Тој е продолжение на кариерата на една Шекеринска.
Во раководството на СДСМ на Ковачевски има место и за тепачи на жени како Ацевски, но и за вечни губитници како Андреј Петров.
Костадинов, кој е посинокот на Заев во политиката. Малото заевче измеќар на криминалната фамилија Заеви.
СДСМ нема да биде СДСМ ако ја нема олигархијата. Нина Фити, чиј што татко ја осмисли транзицијата која остави 200.000 работници на улица, сега треба да ја дограби Македонија, да продолжи каде што татко и застана.
Ковачевски во својот тим го има и Дарко Каевски, кој на 30 години без ден работа во реален сектор, се стекнал со стан од 62 м2 и над 60 илјади евра во банка за само една година.
Не може разединета партија како СДСМ да зборува за обединување.
Иста реторика, Ковачевски како вистински пион на Заев читаше исти реченици.
Ништо не е сменето во СДСМ, социјалдемократските вредности од минатото истите луѓе кога сами за себе велеа дека имаат сина крв сега се на чело на СДСМ.
Ковачевски е разгласна кутија на заевизмот.
Димитар Ковачевски, човекот кој се поклонува на Заев и го надоградува заевизмот. Како заменик-министер активно учествува во зголемување на долгот историски највисок во државата, кој активно придонесува за инфлација и поскапување на цената на струјата.
Човек кој лажеше дека е дипломец на Харвард каде завршил обичен курс и кој докторирал на сметка на државата додека неговиот татко е амбасадор во Црна Гора“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

