Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Референдумското прашање е во духот на европските принципи – против асимилаторски билатерален договор
„Официјалната реакција на СДС треба да се проучува во теоријата како пример за отсутна реакција. Како соопштението да им беше однапред напишано и со теза за напад дека ја оспоруваме преговарачката рамка, а не договорот со Бугарија што тие го потпишаа во 2017 година.
Овој референдум не е антиевропски, туку, напротив, целосно е европски бидејќи се спротивставува на асимилаторските и на негаторските постапки насочени против македонскиот идентитет, историја и јазик. Негирањето на историјата, културата, идентитетот и на јазикот на еден народ е целосно спротивно на европските принципи и вредности.
До толку повеќе што референдумското прашање се однесува на еден билатерален договор меѓу две земји со кој се регулираат билатерални односи. Како може да се рече дека сме против ЕУ кога сме против овој билатерален договор, што, за жал, другата страна го користи да се изгради кула со која се негираат македонскиот идентитет и историјата?
Коренот на проблемите е тој што треба да се решава,затоа што во него се наоѓа причината за уцените, пречките и диктатите што го загрозуваат интегритетот на Македонија, засебноста на македонскиот културен и јазичен идентитет. Раскинувањето на овој договор ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, оспорување на јазикот историјата, културата.
Народот јасно покажува дека е против ваквата подредена положба во која е ставен поради непромисленоста на СДС и Ковачевски. Народот не беше прашан, туку, напротив, постојано беше игнориран.
Стравот на врхушката на СДС е јасен. Тие се одговорни за ваквиот штетен договор и во исто време се свесни дека и нивните поддржувачи како и огромен дел од народот се остро против последиците што договор ги носи. Тоа ги плаши и затоа се нервозни“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

