Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше дека за 6 месеци ќе ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО, а за 11 месеци сме на дното на „Транспаренси“
Зоран Заев и криминалниот кaртел во власта за 11 месеци од Република Македонија направија најкорумпирана држава во Европа со катастрофален пад од 17 места на листата на „Транспаренси“. Сега од 90., Македонија, благодарение на СДСМ, падна на 107. место, каде што на листата пред нас се држави од т.н. трет свет, како Етиопија, Танзанија и Замбија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„11 месеци Влада на СДСМ се 11 месеци скандали. Заеднички именител на сите овие скандали се Заев и неговите соработници, од една страна, и нивната неказнивост, од друга. Истрага и правна разрешница сè уште нема за ниту еден коруптивен случај.
Анѓушев го третира ЕЛЕМ како своја сопственост, бунар без дно, кој може да помогне за да ги отплаќа милионските долгови. Вицепремиерот доаѓа на функција со долгови од 26 милиони евра, кои мора да ги враќа. Веднаш по доаѓањето на Кочо Анѓушев на функцијата вицепремиер, неговата фирма „Фероинвест“ доби тендер во висина од 2,6 милиона евра од државната фирма ЕЛЕМ.
Владата во ЕЛЕМ гледа и агенција за вработувања на децата на владините функционери. Според СДСМ, нема подобар кадар за ангажман во ЕЛЕМ од ќерката на пратеникот Талат Џафери и советникот во Министерството за култура, Мирослав Грчев.
Во обид Владата на СДСМ да ги скрие своите криминали, непотизам и корупција, со нарачани обвиненија ја дефокусира јавноста преку монтирани случаи. Обвинителството штанца обвиненија по нарачка на Заев со цел пресметка со неговите политички противници.
СДСМ од Македонија направи единствена држава во Европа, каде што во 21 век сè уште има политички затвореници, што е главен индикатор дека во државата нема демократија. Луѓето што се наоѓаат во притвор обвинети за настаните од 27 април не се терористи.
Правдата во државата мора да се врати, а функционерите на Владата што згрешиле пред законот мора да одговараат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

