Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ им сврте грб на земјоделците
Пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство уште еднаш покажаа дека немаат слух за реалните проблеми и потреби на земјоделците. На вчерашната седница на Собранието на Република Македонија пратениците на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ не го поддржаа донесувањето на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка и уште еднаш ги разочара земјоделците, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој предлог закон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата го поднесоа по барање и во консултации со сите земјоделци. Со ова законско решение ќе се решат дел од секојдневните проблеми и предизвици со кои се соочува оваа категорија граѓани. Со предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој ќе се обезбеди поголема сигурност при откупот на земјоделските производи, ќе се воспостави обврска за склучување договор пред откупот на земјоделските производи, ќе се воведе обврска за навремено истакнување на откупните цени за винското грозје и ќе се изврши прецизирање на условите и роковите за исплата на винското грозје, како и субвенционирањето на откупувачите во услови на дисбаланс на пазарот“, се вели во соопштението.
Дополнително, велат од ВМРО-ДПМНЕ, за решавање на најголемиот проблем со исплатата на откупените земјоделски производи се предлага зајакнување на основниот рок на исплата од 30 дена од денот на извршениот откуп и се воведува субвенционирање на каматна стапка, односно намалување на каматната стапка на кредити наменети за земјоделството со што се обезбеди полесен пристап за финансирање за земјоделците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

