Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ го девалвираат Собранието
„Република Македонија со секој изминат ден станува сé повеќе држава со изразени автократски тенденции. На денот кога претседателот на Собранието Талат Џафери го одбива барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за одржување седница за пратенички прашања, Владата ги информира граѓаните дека ќе одржи седница. Ваквата ситуација подразбира дека Талат Џафери, надвор од секој закон и спротивно на здравиот разум, му го одзема правото на Собранието да ја врши уставноутврдената контрола врз Владата со аргумент дека таа влада не функционирала, меѓутоа, истовремено, овој аргумент е силно демантиран од самата влада која информира дека денес ќе одржи седница на која ќе усвои одлуки кои ќе се однесуваат на сите граѓани”, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ја потсетува македонската јавност дека власта на ДУИ и СДСМ во континуитет ја девалвираат уставноутврдената позиција на Собранието, почнувајќи од прогласувањето на вонредната состојба во 2021 година, преку тоталитарниот однос со непочнувањето на Уставот и Деловникот во однос на седницата за гласање доверба на владата, на 11 ноември 2021, а завршувајќи со последното недозволување да се одржи седница за пратенички прашања, на крајот од оваа година.
ВМРО-ДПМНЕ му порачува на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да прекине со ваквата лична сервилност кон Зоран Заев преку свесното рушење на уставно утврдените механизми за контрола на законодавната врз извршната власт, бидејќи забрзано ја носи ја државата кон автократски режим управуван од ДУИ и СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Талат Џафери дека сталинизмот и комунизмот во кои тој израснал и очигледно се инспирирал, се идеолошки концепти кои одамна се надминати и дека за овие незапаметени преседани на девалвирање на механизмите за контрола на Собранието врз Владата носи директна лична одговорност пред граѓаните, но особено пред Уставот и Законите на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

