Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека бара одговорност за средбите на Џафери, Спасовски и Пендаровски со криминалците и наркобосовите
Очекуваме на следната прес конференција СДС да побара одговорност за средбите на Џафери, Спасовски и Пендаровски со криминалците и нарко босовите, во спротивно нека молчат и не се брукаат, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеничката Жаклина Лазаевска дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ стануваат засолниште на дилери и се опасност по безбедноста на децата
„Со внимание ја проследивме прес конференцијата на СДС и заклучивме дека обидот за нивната црна кампања кон лидерот на најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е очајнички.
Се понискиот рејтинг и доверба на граѓаните во СДС, им создава фрустрација која резултира со нова глупост.
Нов ден, нова глупост од СДС.
Сметаме дека некој внатре во СДС сериозно се шегува и со Жаклина Лазаревска, Богданка Кузеска, и со другите членови на партијата кои треба да прочитаат еден лист хартија.
Сакаме да веруваме дека во СДС има некој сериозен лик кој што ќе им каже и ќе се спротивстави на ваквите неиздржани обвинувања.
Што се однесува за криминалците, епа да одиме по ред:
Прво, Талат Џафери, коалициски партнер во власта за кои СДС вели дека е добар и прифатлив предлог за технички премиер се состанувал по кафани со Јетон Кривањева Жила, нарко бос на групата од Грчец, кој беше убиен пред очите на присутните гости во Шиша бар.
Второ, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи од СДС, има 10тици фотографии со криминалци, кои би требало да ги апси. Искрено не сакаме да веруваме дека тоа му е во делокруг на работата и не разговарале за состојбите во министерството и безбедноста на државата и граѓаните.
Трето, Стево Пендаровски, претседателот на државата, за кој токму Димитар Ковачевски рече дека ги исполнува сите критериуми за да биде повторно кандидат за претседател, се сликал со ликвидираниот Орхан Бајрами Оки, лидер на нарко бос групата од Дуќанџик. Исто така сакаме да веруваме дека овие лица не му се верни пријатели на Пендаровски.
Се надеваме дека во следниот период од СДС ќе се отрезнат.
Очекуваме следната прес конференција на СДС да биде пред Мала Речица, пред претседателската вила на Водно или пред МВР, и да побараат одговорност од нивните функционери.
ВМРО-ДПМНЕ им ветува дека нема да реагира на таквата прес конференција напротив ќе им честита за храброста и одлучноста.
Во спротивно, подобро е СДС да молчи и да и не се брукаат, бидејќи излегуваат недоветни и несериозни пред граѓаните.
Во прилог им ги испраќаме фотографиите на нивните функционери со нарко босовите и криминалците, во случај да се одважат да одржат прес конференција и да ги приложат фотографиите, бидејќи нели, цело е кога има се“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прочка – празник на искреното меѓусебно простување кај православните верници
Денеска православните верници го слават празникот Прочка.
Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.
Прочка е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците, пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Според традицијата, прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми“, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.
Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.
Македонија
Променливо облачно со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во повисоките предели на северозападот можно е краткотрајно провејување на слаб снег.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната дневна ќе биде меѓу 5 и 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со кратки сончеви периоди. Северниот ветер на моменти ќе засилува, особено во одредени делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во текот на новата седмица се очекува стабилно време. Исклучок ќе биде вторник, кога кон крајот на денот, претежно во североисточните делови од земјата, се можни повремени локални врнежи од дожд. Утрaта ќе бидат постудени, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.

