Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е најбугарската партија во Македонија
„СДС е најбугарската партија во Македонија, тие не се оградија од ставот на Заев и коалицискиот партнер Георгиевски дека Бугарите биле ослободители. Првин Заев, сега и Георгиевски вели дека Бугарите се ослободители. Ковачевски само ги следи и спроведува нивните политики. Ковачевски е послушник на Заев и Георгиевски и затоа не смее да ги осуди негаторските изјави на неговите ментори“, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму апелираат „Ковачевски да се образува историски, да смогне сили и да се одрече од коалицијата со луѓе што тврдат дека Скопје е ослободено заедно со Бугарите, а во крајна линија што побргу да распише предвремени парламентарни избори, на кои, конечно, комунистичката партија СДС ќе замине од политичката сцена во Македонија, а на сцена ќе дојдат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе носат иднина за Македонија“.
„СДС е најбугарската партија, која предводи пробугарска коалиција. Жални и очајни се сите тезите на СДС, тие се партијата чиј претседател Заев рече дека македонскиот јазик и бугарскиот се ист јазик. Тие се партија која е во коалиција со Љубчо Георгиевски. СДС, злоупотребувајќи ја историјата, им донесе болна сегашност на македонските граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла
Македонија
Магла во околината на Демир Капија, умерен интензитет на сообраќај на патните правци
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри во околината на Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

