Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ гласаа за амнестија на своите криминали, а фолирантите од Левицата не беа против
„СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а спотерот, фолирантите од Левицата, не гласаа против измените на Кривичниот законик. СДС и ДУИ гласаа за амнестија на својот криминал изминативе 6 години и знаат дека со сигурност паѓаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат судовите повеќе под нивна контрола и ќе треба да одговараат за криминалот кој го прават, па затоа ги намалуваат казните.
Левица е лицемерна како и секогаш, наместо да се бори против и да гласа против амнестијата на криминалците од СДС и ДУИ тие им помагаат.
Левицата е параван за политиките на СДС и ДУИ. Левицата е за амнестија на криминалците од власта.
Ковачевски е премиерот кој ќе остане како лидер на најнеспособната власт, а Димитар Апасиев како човек кој преку шарената револуција и криминалното СЈО помогнал да се востоличи таа најнеспособна власт на СДС и ДУИ.
Треба да знаат ДУИ и СДС дека ме ги спасува амнестијата, и правда ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати
Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), Албанија (0,29%), Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, иако државата обезбедува високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува ефикасност и независност. Во соопштението се наведува дека постапките се бавни, предметите нерешени, а одложувањата чести, што, според партијата, создава недоверба кај граѓаните.
Партјата нагласува дека, и покрај тоа што судиите земаат и до три просечни плати, резултатите се минимални, а системот нема ниту квалитет, ниту реформи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека наместо да бараат повисоки плати, судиите треба да покажат резултати што ќе ги оправдаат веќе обезбедените средства.
Во соопштението се додава дека правосудството е зрело за реформи и дека тие мора да се случат.
Македонија
Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти
Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ.
Ноќеска од 03.30 часот на овој патен правец, дел од стовариште „Митко“, на десната коловозна лента во правец на Охрид околу 100 метри, имаше вода од околу 30см, информираше претходно АМСМ. Сообраќајот беше пренасочен по левата коловозна лента.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.

