Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се непогода за Македонија, наместо кон ЕУ, ја влечеа назад
Функционерите од СДС и ДУИ кои до вчера беа на функции како да живеат во некој паралелен свет, свет во кој важат некои нивни правила. Свет во кој основно правило беше да се лаже и изигрува народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„СДС и ДУИ од патот на Македонија кон ЕУ знае само да се сликаат во авион и да лажат дека паднал договор и оти Македонија добила датум за преговори со Брисел.
СДС и ДУИ се партии кои ја блокираа Македонија на патот кон Европската унија ветувајќи нешто што немаа поима како ќе го исполнат. Тие ветуваа и потпишуваа договори со кои наместо да ги решаваат отворените прашања со соседите, тие ги комплицираа дополнително.
Македонија не виде ништо од СДС и ДУИ, освен криминал. СДС и ДУИ само збореа з ЕУ, а молеа да не оди Македонија напред затоа што тоа ќе значеше крај на нивната криминална пракса.
СДС и ДУИ отвораа проблеми на секое поле, а со тоа само ја кочеа Македонија да се движи напред, да оди кон ЕУ.
Неспособноста завршува со нив. Сега се работи во интерес на граѓаните, во интерес на просперитетна Македонија“, се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

