Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја зголеми цената на струјата 2,5 пати
„СДС ја зголеми цената на струјата 2,5 пати, со Мицкоски имавме четврта најевтина струја во Европа, сега плаќаме осма најскапа“, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Партискиот став е дека „во 2017 година, кога претседателот Мицкоски е директор на ЕЛЕМ, македонското стопанство плаќа една од најниските цени на струја, 5 години потоа кога ЕЛЕМ го раководи СДС, стопанството плаќа струја поскапа од 32 држави во Европа“.
„СДС не направи ништо да го зголеми производството. И тоа не само што не е зголемено туку е и намалено. Од речиси 6 терават-часа произведена струја за една година во време на ВМРО-ДПМНЕ, сега едвај се прозведуваат 4“, порачуваат од партијата.
„Доколку СДС не беше неспособн, ќе го зголемеше домашното производство или во најмала рака ќе го одржеше. Скапата струја е последица на неработењето на Владата, компаниите и граѓаните се жртви на таа неспособност“, велат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

