Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот со локалот на Груби продолжува, дури и банката го проценила двојно поскапо од цената по која бил платен
СДС и Ковачевски нека не изигруваат адвокат на Груби, а Обвинителството да се прави слепо пред очигледниот скандал. Институциите и Владата треба први да се запрашаат како братот на Артан Груби стекнал луксузен имот на улицата Македонија по багателна цена, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека деловниот објект што семејството Груби го стекнало за речиси 100 илјади евра, односно за помалку од 650 евра за квадрат, самата банка што му го доделила кредитот го проценила истиот локал за 200.000 евра. Притоа банката прави процена со најниската цена за квадратен метар зашто така си ги штити своите пари, но дури и по таа процена, Груби го платил дуќанот двапати поевтино од најниската реална вредност.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако Ковачевски се прави недоветен и не бара одговорност од својот заменик, тогаш и тој заедно со Груби ја потценува интелигенцијата на народот. Ова е класичен пример за политичка корупција, а постои основано сомнение дека Груби ја злоупотребил и својата функција и влијаел брат му да стекне таков луксузен имот по цена што другите граѓани може само да сонуваат.
Груби нека не продава некакви националистички приказни бидејќи овде не се работи за национализам, туку за корупција, па дури и за затаен данок. Ваквите криминогени зделки се на штета и на Албанците, и на Македонците, и на сите други, а се во интерес само на корумпираните функционери од власта, кои се богатат, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.