Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е власта да честита насилна промена на Уставот
Најголема демагогија и срам за државата е кога однародените Зоран Заев, Никола Димитров или Радмила Шекеринска стојат пред табла на која пишува Влада на Република Македонија и притоа честитаат и се фалат со насилната смена на Уставот за бришење на името Република Македонија. Ваква е реакција на ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата во Владата на која се обратија Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Никола Димитров.
„Во ситуација кога Македонија и народот е разочаран од губењето на името, само Заев, Шекеринска и Димитров слават. Македонија денес не слави, Македонија е завиена во црно бидејќи продадоа, погазија и уништија се. Залудни се фалбите, залудни се повторените ветувања за истите лаги. Залудно е криењето зад наводни реформи како изговор за бегството од избори“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија додава за помалку од една година Заев, Димитров и Шекеринска потврдиле дека се октроирани на власт за една намена. Тие и покрај ветувањата дека нема да го променат Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ, спротивно од националните и државните интереси и волјата на граѓаните изразена и на референдумот, ги направија измените.
„Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава“, додава ВМРО-ДПМНЕ и повторува дека гласањето во Собранието било спроведено на сила, со уцени, со закани, со злоупотреба и газење на судскиот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

