Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Субвенции за плати за ЈСП за ноември и декември изгласавме минатата година, причина за неисплаќањето на платите се неспособните Арсовска и Петревски
Ако СДС и Арсовска се грижеа за вработените за ЈСП тогаш зошто веднаш не собраа мнозинство за гласање за субвенции на ЈСП туку ги оставија на минусни температури да штрајкуваат, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Причината за неисплаќањето на платите во ЈСП, како што велат од партијата, не е Советот, туку разузданото раководство на ЈСП, директорот од ГРОМ, Крсте Петревски и уште понеспособната градоначалничка Арсовска.
„Во месец октомври, советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата изгласаа 120 милиони денари за субвенции за ЈСП, и тогаш директорот на ЈСП кажа дека тоа е за плати за вработените за ноември и декември. Денес сме 23 јануари, и иако е законскиот рок до 15 јануари, вработените во ЈСП немаат сеуште плати.
Прашањето е каде завршиле веќе доделените субвенции. Вчера ЈСП бараше нови 700 милиони денари субвенции.
Вистината е дека овој Совет додека е Арсовска градоначалник до сега веќе исплати 1.265 000 000 денари субвенции за ЈСП и сите тие беа поддржани од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Нема плати во ЈСП затоа што ЈСП со Арсовска, СДС, Левица се бунар дно. И овие 700 милиони денари најмалку ќе отидат за плати на вработени, туку за исплати на Пуцко Петрол и останати доверители ангажирани под сомнителни тендери.
Што се однесува до душегрижништвото на СДС, зошто Арсовска молчи за милионите евра што Владата ги должи на ЈСП? Молкот објаснува дека вчера и синдикатите и ЈСП беа грубо политички злоупотребени.
ВМРО-ДПМНЕ не е мнозинство во Советот, туку СДС, ДУИ, Левица и Арсовска се, тоа што тие не можат да се договорат помеѓу нив како да ги поделат парите, тоа не е вина на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на скопјани и народот не е должен да ги трпи нивните игри“, се вели во ставот на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

