Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се одговори зошто веднаш МВР не тргнало во потрага по возилото на убиениот Панче
МВР направи низа пропусти во истрагата за убиствата на Палевски, што ја отвора дилемата дали Вања можела да биде спасена, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Треба да се одговори зошто веднаш МВР не тргнала во потрага по возилото на убиениот Панче по што полицијата ширум државата преку редовни контроли можела да го лоцира за неколку часа? Доколку имала централна објава за возилото на тогаш исчезнатиот Панче многу мала е веројатноста дека истото слободно ќе се движело низ Скопје“, велат од партијата.
Истовремено, како што додаваат, Спасовски мора да каже зошто МВР не стапило во контакт со СВР Скопје, за преку системот Сејф Сити да се утврди дали истото е регистрирано на територија на Град Скопје, кога и каде.
„Системот ги имал сите мерки на располагање убиството на Панче да биде расчистено многу бргу, преку пронаоѓање на возилото кое му е одземено.Доколку МВР на Спасовски го пронашла возилото на убиениот Панче ќе дошла веднаш и до убијците, а животот на Вања ќе беше спасен.Спасовски е должен да одговори, зошто истрагата е водена бавно и со пропусти?“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
26.12.2025 година (петок) :
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)
Македонија
Без вода делови од Карпош
Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во Карпош.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 26.12.2025 година ( Петок ) поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул Ванчо Мицков бр.39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Ванчо Мицков, од 09:00, до завршување на работните обврски.(општина Карпош)“, соопшти РЦУК.

