Македонија
ВМРО-ДПМНЕ утре на протести поради загадениот воздух

ВМРО-ДПМНЕ повика утре на протести поради загадениот воздух. Протестите ќе се одржат во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово.
Протестот во Скопје ќе почне во 19 часот пред Владата.
„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност“, порача опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор.
„Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Најголеми виновници за Вардариште и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници“, велат од СДСМ

„Скопје денеска буквално се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште, извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба“, велат од СДСМ.
„Виновни за оваа катастрофална состојба и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници. Четири години двајца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнија ветувањата и не најдоа решение за една дива депонија. Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето за скопјани.
Орце Ѓорѓиевски, наместо решенија ги манипулира скопјани.
Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова, време е Вардариште да стане безбедна локација а не еко-бомба под прозорите на скопјани“, соопшти СДСМ.
Македонија
Нема активни пожари низ државата, под контрола е еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се седум пожари, извести Центарот за управување со кризи.
Како што извести ЦУК, под контрола е пожарот во општина Гевгелија – планина Кожуф (приземен пожар).
Македонија
СДСМ најави: „Започнуваме со објавување на Вистината за случајот АНБ, зошто власта бега од декласификација?“

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за наводно следење власта не ја отпочнува процедурата за декласификација на документите со случајот АНБ? Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен“, прашуваат од СДСМ.
„СДСМ започнува со објавување на вистината за случајот АНБ. Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“, велат од СДСМ и најавуваат прес-конференција на портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, од 10.30 часот денеска.