Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ако има грам морал ќе си поднесе оставка, 159 новозаразени е крах за него и за СДСМ
„Наместо оставка и одговорност власта Филипче го наградува со продолжување на министерската палка во здравството во време кога секој ден се бројат заразени и мртви, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Филипче ако има грам морал треба сам да се повлече. Денешната бројка од 159 заразени е нов неуспех и крах на Филипче и владата на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, неодговорноста на власта ја чини Македонија и граѓаните здравје, а некој и живот.
„Доаѓа есен, а предвидувањата се дека бројките ќе растат. СДСМ не успеа да се справи со првиот бран, кој во Македонија е продолжен со по неколку пикови, нема да може да се справи ниту со вториот. Неспособноста на СДСМ до сега не чини 2.8 милијарди евра откако се на власт, а само во кризата 1 милијарда. Долгот ќе расте, затоа што не знаат како. Покрај долгот расте и невработеноста. Со СДСМ имаме општ хаос, кој за жал продолжува“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

