Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да одговара – нема доволно вакцини, а пратеници шират корона
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
„Масовната вакцинација на населението во Македонија е само во изјавите и главата на Венко Филипче.
За каква масовна имунизација зборува Филипче кога вчера пристигнаа 10 илјади дози вакцини, а пријавени се повеќе од 160 илјади граѓани за вакцинација? Но, пиарот и сликањето со вакцините не изостана. За Филипче е важен пиарот, а не колку вакцини има.
И не само што не набавува доволна количина на вакцини, Филипче дозволува да се кршат протоколите за лицата заразени од корона.
Па така граѓаните ги затвора дома, ама кога станува збор за избрани функционери, во конкретниов случај пратениците, им дозволува да се шетаат и да го сеат вирусот.
И не само тоа, Филипче не ни изреагира, да каже барем дека се прекршени протоколите, па тоа се протоколи од надлежните власти со кои тој менаџира!
Ова покажува само едно дека личните и партиските интереси се над сè!
За ова Филипче ќе одговара!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сончево, од утре голема промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.

