Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите на СДСМ да ги продадат хациендите и луксузните автомобили за да има пари за народот
Функционерите на СДСМ натрупаа милионски имот. Заев, Филипче, Петре Шилегов, Драги Рашковски, Мухамед Зекири и Дарко Каевски да ги продадат хациендите и луксузните автомобили за да има пари за народот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека од позиција на власт, Заеви отворија фабрики за марихуана, си продолжија лиценца за ископ на глина за Еленица, добиваат 1.4 милиони евра од МЗШВ, купуваат Мајбах Мерцедеси, Поршеа и разни луксузни автомобили вредни над стотици илјади евра.
Само Трајче Заев да го продаде Мајбахот од 600.000 евра, ќе се купат 10 амбулантни возила.
Дарко Каевски на 30 години има имот од еден стан, 4 милиони во банка и хациенда која ја нема запишано во анкетен лист. Како со пратеничка плата успеал да стигне до тој имот е прашање на кое дополнително треба да одговори пред јавноста, но сега нека ја продаде хациендата со која можат да се купат 3 противпожарни возила.
Драги Рашковски да го продаде џипот и милионскиот имот, исто како и Мухамед Зекири.
Венко Филипче да ја продаде луксузната хациенда на Водно, а Петре Шилегов зградата дивоградба во Карпош.
И додека тие трупаат милионски имот народот не може да се прехрани од први до први, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Народот живее во беда и сиромаштија, на прагот на животна егзистенција.
За да можат да крадат и да трупаат имот не ја намалуваат ниту акцизата на горивата, предлог на ВМРО-ДПМНЕ кој ако го прифатеа, сега ќе имавме горива и за 25 денари поевтини.
Премногу е, граѓаните масовно да излезат на протест за промени на 18 јуни во 20:00 часот пред влада, и да порачат дека е доста од штетните и криминални политики на расипничката влада на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

