Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Хациендата дивоградба го вознемири Груби, дали тој лично стои зад овој нов криминал?!

Секој ден излегуваат нови и нови скандали за Артан Груби. Затоа е толку нервозен. Не му помагаат веќе ни киселите насмевки ни ширењето лаги, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека најновиот криминал во кој е вмешан Груби е градба на голема куќа без документи во Бутел. Овој објект го гради неговиот братучед, без дозвола, без потребни документи, а тоа е спротивно на законот. Тоа што Груби се вознемирува за фактот што Општината ја запрела градбата, отвора сомнеж дека можеби тој стои зад овој нелегален имот.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека залудно е тоа што Артан Груби секогаш кога е фатен во тесно се повикува на етничка припадност и се заканува. Јасно е веќе како ден. Никој веќе не им верува на неговите приказни.
Аферата со деловниот простор на брат му, фирмата за баждарење, продажбата на хотелот на Попова Шапка, тендерот за надзор вреден 22 милиона евра, а сега и дивоградбата, се само дел од портфолиото скандали на Груби и редно време е Обвинителството да се позанимава посериозно со овој лик, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.