Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција
Република Македонија е заробена и киднапирана држава. СДСМ се однесува со државата како приватна сопственост. Се одлучува за и во името на граѓаните, без истите да бидат информирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција, а детали од истите добива преку странските медиуми. Јавноста е фрапирана од последните изјави дека македонската влада испратила предлог спогодба до грчката влада за кој не се знае ниту што содржи, ниту кој е консултиран, ниту кој дал поддршка и на крај во чие име е испратен.
Додека во Грција предлог спогодбата што ја испратила тамошната влада до нашата влада е составувана од 50-тина експерти од разни области, предлог спогодба која Заев ја испратил во Атина, како што изјави владиниот портпарол е составувана од вработени во кабинетот на Заев.
Владата не кажа дали и кои експерти учествувале во изготвувањето на нашиот предлог. Кои се лицата кои го составувале предлогот? Дали Заев предлага промена на нашето име? Заев се однесува со државата и државните интереси како со приватен имот. Уставот и законите не ги почитува, ниту ги применува.
Катастрофалните политики по државата и граѓаните се нижат една по друга, а Заев целата деструкција ја прикрива со апсење на политички противници и нивно неосновано држење во притвори.
Заев не знае како да го сврти вниманието во јавноста и ги злоупотребува институциите и правосудните органи, кои се претворени во алатка за извршување на политички прогон.
Република Македонија, денес е единствената држава на европскиот континент, која има политички затвореници. Со секој поминат ден во притвор на патриотите и чесни граѓани на кои им се монтирани неосновани обвиненија за тероризам, државата се повеќе се одалечува од ЕУ и НАТО.
Власта нема да успее да ги замолкне слободомислечките граѓани. Граѓаните ја гледаат сета деструкција на СДСМ и ќе им кажат не на овие штетни политики“ се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

