Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели
Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на СЈО за плаќање на роднини и пријатели, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Опозициската партија нагласи дека Катица Јанева и нејзините блиски, може да се вбројат меѓу најбогатите во Македонија.
„Октоподот на Заеви пуштил пипци низ целото општество, а дел завршуваат со фамилии блиски до нив.
Јанева го вработила својот роднина Вили Јанев, кој од шофер на гевгелискиот суд станал нејзин шофер и затоа му дала 30.000 евра. Јанева на платен список ја ставила и неговата ќерка, Слободанка Вили Јанева – 1.600 евра, која иако подолг период живее во Америка, земала пари од СЈО. Јанева од СЈО одвоила пари и за Вилма Петкова, сестра на нејзината поранешна колешка и претседателката на Судот во Гевгелија, Злата Попова, на која и дала 15.000 евра“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука велат дека најпознат пример за непотизмот на Јанева е Ѓорге Делиџаков, внук од сестра, на кого му дала 28.000 евра.
„Јанева се погрижила и за Методи Цилков, сопруг на директорката на психијатриската болница во Гевгелија, Љуба Цилкова, која го издаде боледувањето на Катица Јанева. Тој од Јанева добил 26.000 евра.
Од СЈО земале пари и Драгица Аврамчева, ќерка на Кети Аврамчева, директор на ООУ „Владо Кантарџиев“, која добила 30.000 евра, како и Илија Аврамовски, инспектор во МВР Гевгелија, чија сопруга, Јасминка Аврамска, е командир на ПС Богородица. На него Јанева му дала неверојатни 59.000 евра“, додава ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозицијата, од буџетот на СЈО пари имало и за Наташа Олумчева, снаа од брат на поранешниот функционер на СДСМ, Саше Олумчев, која земала 15.000 евра.
„Бидејќи списокот на роднини очигледно го исцрпила таа го плаќала и Ѓорге Тулупов, другар на нејзиниот син Лазар Јанев, кој земал 24.000 евра. Ова се класични злоупотреби на службата и парите на граѓаните“, додава опозицијата утрово преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.
Македонија
Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Нивното истражување покажува дека:
– Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно.
– ЈСП располага со вкупно 341 автобус, од кои дневно се исправни 185 автобуси, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно.
– Бројот на автобуси на ЈСП Скопје континуирано се намалува во последните десет години. Пред десет години претпријатието имало 316 исправни автобуси, а денеска само 185.
– Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години, највисока во последните десет години.
– Доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 % се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“. ЈСП има и десет автобуси од марката Санос, стари по 33 години.
– Само 10 % од автобусите на ЈСП имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека другите се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5.

