Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јанкулоска е жртва на политичка пресметка и нарачка на Заев
„Гордана Јанкулоска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев. Јанкулоска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување нови службени возила“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, откако попладнево таа беше спроведена во затворот „Идризово“, каде што ќе треба да ја одлежи четиригодишната затворска казна која судот ѝ ја изрече во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“.
„Јанкулоска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата. Додека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години ѝ служел на државата сè уште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од рекетот на Зоран Заев, имаме амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на ексдиректорот на ФЗО, Ден Дончев, обвинителството молчи за панамските пари и зделките со Заев за 2000 стана во Тетово, се молчи за измамата на штедачи на ‘Еуростандард банка’ и редица други скандали кои се случуваат на дневно ниво.
Забавата на Заев со човечки судбини нанесува зло и штета на државата. Денес треба да се зборува за Јанкулоска во состојба кога имаме 40 илјади невработени на улица или кога имаме колапс на образовниот систем. Заев има потреба да се плаши единствено од правдата која ќе го стигне по падот на мафијата на власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

