Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и МВР требаше да отворат истраги дали синот на Тасевски е едeн од лицата кои тепале полицаец

„ЈО и МВР молчат дали Сашо Тасевски влијаел на случајот каде се тепани припадници на ЕБР, зошто едно лице кое се јавува во записникот го нема и во билтен?
ЈО и МВР требаше да отворат истраги, дали се вистинити информациите дека едно од 4 лица кои учествувале во инцидент каде е тепан припадник на ЕБР е син на Сашо Тасевски? Дали тој лично ургирал, истото тоа лице, кое иако е запишано во записник да не биде наведено во билтен?
Зошто настанот кој се случил околу 1 часот по полноќ, е заведен во билтен во 06.30? Дали во тој период Тасевски вршел притисоци?
Сашо Тасевски не може да избега од одговори. МВР да отвори внатрешна истрага, а ЈО да отвори случај.
Недозволиво е припадници на ЕБР да бидат тепани, а истрагата за тоа да се спроведува крајно сомнително и со индиции на прикривање на учесници“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.