Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на седницата за избор на нови министри
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на седницата в петок на која ќе се гласа за изборот на нови министри.
„Апсолутно нашата острица на критики ќе биде насочена кон оваа влада и кон оваа гарнитура затоа што имаме аргументи, затоа што аргументите на дневна основа ги гледаме, затоа што секој ден економските индикатори се вложуваат, затоа што националните и државните интереси на Република Македонија се загрозени како никогаш до сега, затоа што ако одиме област по област, од земјоделие преку здравство, до образование, заклучно со транспорт, локална самоуправа, аргументите се апсолутно на наша страна“, одговори пратеникот Влатко Ѓорчев на новинарско прашање дали ќе присуствува во салата додека трае изборот на новите министри.
На прашање, пак, како ја коментира одлуката на собранискиот спикер седницата за реконструкција на Владата да биде на денот кога ВМРО-ДПМНЕ организира протест пред владата, Ѓорчев рече дека се работи за јалова реконструкција.
„Се работи за јалова реконструкција, се работи за една влада којашто нема идеја и нема резултати. Се работи за влада којашто нема исполнето ниту едно од своите клучни ветувања. Во Македонија година дена наназад една шајка не е закована, една бандера не е направена, а беа ветени брда и долини. Дури и најголемите поддржувачи на СДСМ се разочаруваат од Зоран Заев и неговите министри. Така што реконструкција на еден или двајца министри не го решава фундаменталниот проблем, а тоа е дека имаме неспособна гарнитура којашто не ги исполнува ветувањата и којашто не може и не знае да испорача резултати“, рече Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

