Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира со автомобили од Скопје до Штип

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира со возила. Протестот ќе почне во Скопје, а ќе заврши во Штип.
„Денес 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите“, соопштија од партијата.
Протестот ќе започне во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието каде ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.