Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи минималната плата, но ќе бара и почитување на колективните договори
Минималната плата во Македонија ќе биде 18.000 денари. Премиерот Ковачевски синоќа изјави дека е постигнат договор со Сојузот на синдикатите и со работодавците.
На оваа тема со статус на својот фејсбук-профил се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„На денот кога се навршија 150 години од раѓањето на големиот македонски син Ѓорѓи Делчев, ниту Пендаровски ниту Ковачевски се осмелија да изустат, а камоли да напишат дека Ѓорѓи Делчев бил Македонец, историчарот Ѓорѓиев (копретседател на комисијата за историски и образовни прашања) тврди дека Бугарија во Втората светска војна не била фашистички окупатор, а СДСМ одбива да ја поддржи Декларацијата која ВМРО-ДПМНЕ ја предложи во парламентот за великанот македонски Ѓорѓи Делчев со изговор дека тоа било факт. За истиот тој факт и Ковачевски и Пендаровски се плашат дури и да шепотат, а камоли да кажат дека Делчев е Македонец.
За само неколку дена трипати ги сронија македонските преговарачки позиции што со децении беа создавани.
И да, како што бива според матрицата на вистинскиот стопан на Ковачевски, а тоа е Зоран Заев, на спектакуларен начин се постигна договор со лакејот од синдикатот за минималната плата. Со високо кренати раце лакејот и Ковачевски го прославија ‘невидениот’ успех постигнат со Владата. Истата таа Влада до 4 февруари оваа година, за нешто повеќе од еден месец, сите македонски граѓани ги задолжи за дополнителни 135 милиони евра или секое семејство за речиси 17 илјади денари.
Предавството мислат дека ќе го покриваат со пари и така ќе купат колку-толку поддршка од граѓаните кои ги ограбуваат секој ден.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, едногласно, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот и ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.
Истовремено очекуваме од СДСМ конечно да се оддели од политиките на Зоран Заев и да ја поддржи декларацијата за Ѓорѓи Делчев, барем еднаш да покажат дека навистина им значат македонските национални интереси, а не криминалот на кланот кој од позадина ја води партијата и владата!”,напиша Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

