Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Министерството на Груби исплатило пари на туристичката агенција на брат му Ветон Груби
Артан Груби безочно ја излажа јавноста. Тој рече дека министерството што го управува не исплатило средства на компанијата на брат му, а вистината е дека министерот Артан Груби директно плаќал на сметка на „ЕТЦ травел“ на брат му Ветон Груби. Народот вели дека тој што лаже – тој и краде. Ова не е единствена исплата на народни пари на име на „ЕТЦ травел“. И Владата во периодот од 2020/2021 година исплатила над 1 милион денари на туристичката агенција на Груби, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потсетуваат дека оваа туристичка агенција на Груби беше дел од скандалот со деловниот простор во центарот на градот, кој го купиле за цена од багателни 700 евра за квадрат. И во овој случај, како и во случајот со директната исплата на средства од Груби за Груби, постои основан сомнеж за злоупотреба на позицијата.
Колку повеќе афери и криминали се поврзуваат со Артан Груби, толку тој стана многу понервозен. Затоа Груби со груби лаги сака да се вади, ама уште повеќе се заплеткува. Скандалозниот тендер за надзор на изградбата на автопатите од 22 милиона евра, сомнителната продажба на хотел на Попова Шапка, фирмата за баждарење и уште многу скандали се поврзуваат со Груби. Јавното обвинителство треба што побргу да се позанимава со овие случаи, а доколку ги забошотува, тогаш и самите тие стануваат негови соучесници, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

