Македонија
ВМРО-Народна: Да се затворат сите државни и приватни работни места, освен оние кои се клучни за државата

Затворање на сите државни и приватни работни места со исклучок на оние кои се витални за функционирањето на државата, предлага ВМРО-Народна партија, со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
За имплементација на оваа предлог-мерка, која би траела од 27 март до 21 април, ВМРО-Народна предлага принцип на споделено финансирање и три чекори од кои: секој вработен ќе биде должен првата седмица да ја земе од својот одмор; за втората седмица сите вработени ќе добијат неплатен одмор од пет дена; третата седмица ќе биде платена како субвенција од буџетот на Македонија.
„На овој начин сметаме дека ќе добиеме 25 дена општ прекин на движењето во Македонија и ќе се приближиме до идеалниот карантин или изолација. Да речеме дека во моментов имаме ирационална состојба, имаме полициски час во 21 часот, а од друга страна имаме полни автобуси и полни фабрики каде што луѓето се во постојан ризик и лесно можат да го пренесат вирусот“, велат од ВМРО-Народна преку соопштение.
Оттука додаваат дека со мерката најмногу ќе ѝ се помогнеме на економијата која во овој момент е во своевиден хаос, а и ќе се спречи отпуштањето на илјадници вработени во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.