Македонија
ВМРО-Народна партија: Поддршка за конечна демократизација на изборните процеси во земјава
ВМРО-Народна партија упатува целосна поддршка за конечна демократизација на изборните процеси во Македонија.
„Сметаме дека има доволно време и овој процес да се усвои и имплементира уште на претстојните предвремени парламентарни избори. Ја поздравуваме иницијативата на премиерот Зоран Заев за чинот на усогласување на единствен став во парламентот во однос на промената на изборниот модел, односно за воведување на една изборна единица со отворени листи и се надеваме дека во најбрз можен рок истиот ќе влезе во парламентарна процедура и биде изгласан од пратениците“, соопшти партијата.
ВМРО-Народна партија предлага отворање на широк консултативен процес во форма на конференција на која ќе учествуваат сите политички партии кои се дел од македонската политичка сцена, но и претставници од меѓународната заедница.
„На таа конференција би се усогласил единствен став помеѓу парламентарните и вонпарламентарните политички партии воедно и претставниците од меѓународната заедница би споделиле искуства од државите кои ги претставуваат.ВМРО-Народна партија и по осум години од моментот кога за првпат предложивме промена на изборниот модел, останува на ставот дека со ваквиот пристап не само што ќе се додемократизира и зајакне плурализмот во Македонија, туку и ќе се зајакне еднаков пристап кон сите партиско-политички субјекти со еднаква тежина на било чиј глас од градовите и селата во државата“, смета партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

