Македонија
Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем

ЈП Водовод и Канализација – Скопје информира дека ќе реализира стратешка и технички сложена интервенција која претставува клучен чекор во насока на унапредување на водоснабдителниот систем на градот.
„АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија со особена гордост ги следи активностите на своите членки кои, преку вакви комплексни и визионерски зафати, го подигнуваат квалитетот и сигурноста на јавните услуги за сите граѓани. Монтажата на игличест регулационен вентил и поврзувањето на магистралните цевководи се дел од оперативен план со јасна цел: суштински придобивки за целиот систем и сите граѓани – прецизна регулација на притисокот, подобрен проток, намалени загуби на вода и можност за пофлексибилно справување со идни предизвици во мрежата“, се наведува во соопштението.
Ваквите потфати, велат од АДКОМ, кои бараат прецизност, координација и техничка подготвеност, се резултат на долгогодишна посветеност и експертиза.
„ЈП Водовод уште еднаш потврдува дека е лидер во секторот, со капацитет да спроведе активности од највисок степен на одговорност и значење за граѓаните. Проектот подразбира вклучување на голем број стручни тимови и механизација, и се реализира со максимална подготвеност за да се заврши ефикасно и во најкраток можен рок. Оваа активност е дел од поширокиот процес на модернизација на водоснабдителната мрежа – инвестиција во сигурноста, одржливоста и квалитетот на услугите што секојдневно ги користиме“, велат од Водовод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.