Македонија
„Волшебен тепих“ за физички пристап до институциите во Тетово

И лицата со попреченост се граѓани и даночни обврзници на Република Северна Македонија, но кога доаѓа до пристап за добивање услуги во јавните институции, повеќето од нив немаат овозможено пристап за лица со посебни потреби. Од вкупно 77 јавни институции во Македонија, 20 немаат овозможено пристап за лицата со посебни потреби до првиот кат, додека, пак, 64 јавни институции немаат овозможено пристап до вториот кат за лица што се движат со помош на инвалидска количка.
За оваа цел, групата активисти од Тетово, барем за еден ден им овозможија пристап до јавни институции во Тетово, преку „волшебниот тепих“, бидејќи градењето на инклузивно општество е обврска на секој граѓанин.
Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори. Акцијата „Волшебен тепих за физички пристап до институциите во Тетово“ е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.