Македонија
Во герила-акција во Битола поставени билборди за фиктивен лек против хомофобија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/gerila-akcija-vo-bitola.jpg)
На три локации во Битола поставени се билборди за фиктивен лек хомофобиол, кој, според авторите на делото, ја лечи и најтврдокорната хомофобија и трансфобија, информираат од ЛГБТИ-центарот за поддршка.
Од таму ја поздравуваат оваа акција, која, како што велат, претставува уметнички одговор на доминантно дискриминаторските ставови кон луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет.
„Овие лица се секојдневно изложени на вербално и физичко насилство, како и на нееднаков третман во општеството“, додаваат од ЛГБТИ-центарот за поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Тошковски – Ониди: Наша цел е членство во ЕУ преку исполнување на критериумите и целосно владеење на правото
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/3-10.jpg)
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски коj присуствува на министерската конференција во рамки на „Салзбуршкиот форум“ во Австрија, денеска на маргините на конференцијата оствари средба со Оливер Ониди, заменик генералниот директор на Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи при Европската комисија.
Министерот Тошковски на средбата истакна дека нашата цел како држава е членство во ЕУ преку исполнување на сите критериуми и целосно владеење на правото.
Македонија
Мицкоски оствари средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/SREDBA_MICKOSKI_AGELER-26.06-3.jpg)
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер.
На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата.
Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.
Амбасадорката Агелер ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.
Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.
Македонија
Мицкоски: Изјавите на Радев се дел од средниот век, поминаа времињата кога политичарите виткаа кичма
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mickoski-radev-.jpg)
Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ. Ова како што пренесуваат бугарските медиумите, пред новинарите го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев.
Овие изјави Мицкоски ги оцени за анахрони и изјави дека се дел од средниот век, а не од современа Европа. Премиерот рече дека не го негира постоењето на бугарското малцинство во земјава кое, како што кажа, заедно со другите е признаено уште од раните 40-ти години, но обвини дека во Бугарија постои тивка и постепена асимилација на македонското малцинство. Потврда за тоа, како што вели, се пресудите на Судот за човекови права во Стразбур.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен да седне на иста маса со бугарскиот претседател Румен Радев и со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и со факти и аргументи да разговара за иднината, но оцени дека добрососедство не е ако нема меѓусебна почит и ако едната страна е понижена, а другата ликува.
„Јас сум подготвен да седнам и покрај тоа и да разговарам и со едниот и со другиот. Му посакувам на господинот Борисов да ја формира владата во Бугарија бидејќи ние доаѓаме од Европската народна партија и логично е јас да посакувам нашиот источен сосед да има премиер кој доаѓа од истото семејство. Тоа не треба да имате дилема. Но, исто така, мојата порака е дека поминаа времињата кога овде кај нас имаше политичари кои беа сервилни, коишто виткаа кичма, коишто коленичеа, потпишува се и сешто што им беше ставено на маса. Од друга страна во името на европското знаме го ограбуваа народот, ја засрамуваа и понижуваа својата татковина“, рече Мицкоски.