Македонија
Во Градскиот парк ново катче во кое децата ќе се соживеат со природата

Градоначалникот Шилегов денеска оствари средба со група волонтери од Бон, Германија, кои изминатиов период работеа на креирање ново катче и инсталација во првиот дел од Градскиот парк.
Како што информираат градските власти, новото катче се состои од кружна патека од разновидни материјали.
„Парчиња од дрво, природни камења, тревник, калдрма, цементирани плочи и други материјали кои ја подобруваат циркулацијата, односно ќе треба да го поттикнуваат движењето, да ги активираат сетилата, а со тоа да даваат и добар здравствен ефект кај децата. Идејата е децата да газат и да се движат боси, а до самата патека ќе биде поставено и шкафче за чевли. Во средината на катчето ќе биде поставен сончев часовник, каде што преку сенката на детето ќе може да се види колку е часот“, се објаснува во соопштението.
Шилегов им се заблагодари на Антје Калер и Никлас Рот, консултанти од одделот за финансирање на градот Бон, кои работеа на овој проект.
Нивната прва посета во Скопје била минатата година со уште петмина едукатори со кои заеднички размислувале за изработка на креативен проект во градот.
Во реализацијата на оваа нова содржина вклучени биле седум тренери, стручни волонтери, вработени од областа на театарот, градинарството и хортикултурата од градот Бон, како и претставници од ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.