Македонија
(Во живо) Присилно иселување на партијата на Јанко Бачев

Владиното претпријатие за станбен и деловен простор со асистенција на полицијата врши присилно симнување на руското и македонското знаме со шеснаесеткракото сонце од седиштето на Единствена Македонија и присилно иселување на партијата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Кузеска: Нов скандал во министерството на Андоновски – жената државен секретар, а мажот добива тендери

Денес продолжуваме со објавување на серијата скандали поврзани со тендерските мрежи на ДПМНЕ.
Пред граѓаните ќе покажеме документи и факти, со кои основано се сомневаме за постоење систем на корупција и испумпување на парите на граѓаните преку јавните набавки во државните и општинските институции кои ги води ДПМНЕ, истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно, не постои случајно избрана фирма кога се работи за тендерите на ДПМНЕ.
Денешниот скандал е пример за директен конфликт на интерес, непотизам и основано сомнение за корупција во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски“, вели таа.
Според неа, во Министерството на Андоновски, каде втор човек е Државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров.
Како факти посочи два договори, склучени ,како што појасни, помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчаров.
„Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари. Само од овие два тендери, преку Министерството на Андоновски, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото министерство.
Ете каде завршуваат парите на граѓаните. Во семејните фирми на функционерите од ДПМНЕ.
Ова е еклатантен пример за конфликт на интерес и непотизам од страна на ДПМНЕ. Но и сериозен сомнеж за корупција“.
Прашањето, според неа, е каква е улогата на министерот Андоновски во овој скандал? Дали бил и тој соучесник, бидејќи, како што дополни, неговото име и презиме стои на договорите како потписник!
„Со овој скандал се потврдува нашето тврдење дека ДПМНЕ ги испумпува парите на граѓаните преку мрежа на фирми и тендери. Но се потврдува и фактот дека на голема врата ги враќа изведувачите на Скопје 2014 во нивните сегашни бизнис шеми. Истата оваа фирмата на Мартин Клинчаров била дел од изведувачите на проектот Скопје 2014, за поставување на мермер и изведба на мостот Гоце Делчев. Близината на кадрите на ДПМНЕ и Маето Дизајн оди дотаму што фирмата се јавува и како донатор во Општина Аеродром, во перид кога градоначалник е, Тимчо Муцунски. И повторно, истиот Тимчо ја поставил Гордана Клинчарова за Раководител на секторот финансии за време на неговиот мандат.
Традиционално, секаде каде што Гордана Клинчарова е поставена од ДПМНЕ на одредена позиција, нејзиниот сопруг развива тесна институционална соработка“.
Кузеска нагласи декаСДСМ бара Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет и да постапи за овој скандал. Сите надлежни институции да се вклучат во негово расчистување.
И како што најави, СДСМ ќе ја продолжи борбата против злоупотребата на парите на граѓаните.
„Шемата е страотна и ќе биде целосно презентирана во јавноста со сите докази за лица кои се директно поврзани со ДПМНЕ и со компаниите кои земале милионски тендери“, оцени Кузеска.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции и не може да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Прашува, кому му служеа изјавите на Стево Пендаровски дека од амбасадори дознал кои се позициите на Владата и како таа се бори за националните интереси во однос на интеграцијата во ЕУ.
Дали Стево Пендаровски свесно ја минира Македонија или во еуфорија пред камера глумејќи аналитичар не знае што кажува, праша Петрушевски.
Според него, без разлика дали свесно или не, Пендаровски уште еднаш ја докажа својата оговарачка природа на предавство и откривање на националните позиции.
„Пендаровски не само што ја загрозува Македонија, туку и шири омраза кон САД и претседателот Трамп, кои се наш силен сојузник и партнер.
СДС како едвај да чекаа да свртат грб на САД, и да го покажат своето вистинско лице. СДС се качи на бродот со Левица, против Македонија и САД“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Лефков: Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче и Заев си правеа екскурзии со хеликоптер

Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев, си правеше екскурзии со хеликоптер низ Македонија, изјави пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и неговиот ментор Заев, одеа на настани со хеликоптер во Прилеп и Битола, трошеа државни пари за екскурзии и правење на ќефови.
Ќефовите кои си ги тераа криминалниот тандем Заев и Филипче, беа доказ за тоа дека немаат способност да ја водат државата. Нив ги интересираа само нивните лични интереси, односно тендерчињата и провизии, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај.
Хеликоптерот со кој летаа Заев и Филипче, можеше да се употреби и за спас на човечки животи, но наместо за спас на човечки животи, хеликоптерите на државата се користеа за еднодневните екскурзии на Заев и Филипче.
Филипче и Заев, покажаа како не треба да се води држава.
Покажаа како државата може да пропадне економски, да се иселат младите и секојдневно бевме сведоци на коруптивни скандали, кои беа приредени од тогашната власт на СДС и ДУИ.
Филипче, не може да глуми загрижен граѓанин и не може да биде новото лице на СДС, бидејќи е продолжена рака на Заев и Ковачевски, а тие веќе беа поразени. Филипче е следен!“, изјави Лефков.